29.12.2022 Скопје
Како резултат на разговорите и договорите меѓу претседателот Александар Вучиќ и претставниците на Србите од Косово и Метохија во Рашка, започна отстранувањето на барикадите на северот на Косово и Метохија.
Косовската полиција соопшти дека нешто пред десет часот повторно е воспоставен сообраќајот преку пунктот Мердаре.
Српските медиуми пренесуваат дека е отстранета барикадата на Мердаре од правец на централна Србија.
Подготвено од А.Ѓ.