21.12.2022 Скопје
Членови на протестното движење „Последна генерација“ употребија хидраулична дигалка за да го достигнат врвот на 15-метарската елка украсена со светилки и божиќни играчки во Берлин, каде што истакнаа парола „Ова е само врвот на елката“, по што истиот го отсекоа.
Активистката, Лили Гомез истакна дека „додека цела Германија го поминува викендот купувајќи скапи подароци, други нации се прашуваат каде да се најде вода за пиење откако сушата и поплавите им ги уништија посевите“.
Лили Гомез изјави дека во Германија се наѕира климатска катастрофа, а федералната Влада не вложува напори да го заштити населението.
Од почетокот на годината, движењето „Последна генерација“ блокираше улици во Берлин и другите поголеми градови барајќи радикална промена на владината политика за справување со климатските промени. Организираше и протестни акции во музеи, стадиони, министерства и на аеродроми.
Полицијата презела мерки против демонстрантите кои пред Бранденбуршката порта во Берлин, го отсекоа врвот на елката но не соопштија повеќе детали околу настанот.
Подготвено од М.Н.