https://www.facebook.com/photo.php?fbid=463163955857872&set=pb.100064928130593.-2207520000..&type=3

01.12.2022 Скопје

Согласно Законот за учебници во основното и средното образование, сите учебници можe да се користат најмногу до пет години, со исклучок на оние учебници до трето одделение, како и одредени учебници од повисоките одделенија во кои има содржини што ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење кои се користат еднократно, соопшти Министерството за образование и наука.

Учебниците и сите други наставни материјали кои ги обезбедуваат надлежните институции од областа на образованието предводени од МОН, имаат цел да им помогнат на учениците во совладувањето на наставната материја и стекнувањето применливи знаења преку учење со разбирање, но и да ги стимулираат нивната креативност и критичко размислување.

МОН во соопштението наведува дека сите од наставниот кадар кои се учесници во спроведувањето на воспитно-образовниот процес да не го ограничуваат користењето на учебниците и пополнувањето на содржините во нив кои се предвидени за пополнување од страна на учениците.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *