Photo by Karolina Grabowska: https://www.pexels.com/photo/stack-of-different-currency-with-photo-of-men-and-buildings-4386158/

04.12.2022 Скопје

Нa глобалните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, откако претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави дека ФЕД може да го забави темпото на зголемување на каматните стапки веќе во декември.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 1,5 отсто, на 104,50 поени. Истовремено, доларот ослабе за 1,3 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0535 долари, највисоко ниво од крајот на јуни.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона, пак, за 3,5 отсто, на 134,30 јени. Доларот ослабе по шести пат во седум недели, поради очекувањата дека ФЕД ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

Ова го сигнализираше претседателот на ФЕД Џеромо Пауел, па сега повеќето аналитичари очекуваат централната банка да ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени во декември, по серијата зголемувања за 0,75 поени.

Банката на федерални резерви, по агресивното заострување на монетарната политика од почетокот на годината, е во позиција да го забави темпото на зголемување на каматните стапки, рече Пауел, но тој исто така предупреди дека ФЕД ќе ја задржи рестриктивната политика извесно време додека инфлацијата се намалува.

Тој, исто така, предупреди дека клучните прашања остануваат отворени, вклучително и до кое ниво ќе треба да се зголемат каматните стапки и колку долго тие ќе останат на тие нивоа. Затоа, на пазарот се шпекулира до кое ниво ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки – на 4,75 или 5,00 отсто? Во моментов клучните каматни стапки се движат од 3,75 до 4 отсто, што е највисоко ниво од почетокот на 2008 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author