https://www.facebook.com/photo.php?fbid=726143742200283&set=pb.100044139924327.-2207520000.&type=3

27.12.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека претседателствувањето со ОБСЕ идната година ќе биде одлична можност за Република Северна Македонија бидејќи земјата има што да понуди на ОБСЕ и не случајно ја избрале за претседавач.

Министерот потсети дека во Скопје беше испратена првата теренска мисија на ОБСЕ за да спречи прелевање на воениот конфликт од БиХ, „и сега наеднаш, таа мала држава во која имаше потреба од теренска мисија за да се смират меѓуетничките тензии, за да се спречи воен конфликт, стигна до позиција да раководи со најголемата меѓународна организација“, истакна Османи.

„Постигнавме сериозен исчекор во внатрешната мултиетничка функционална демократија, уникатен модел кој се повеќе се користи како референца за други мултиетнички држави. Создадовме култура на компромис, култура на дијалог, на добрососедски односи што е исто така уникатен за овој тежок регион кој многу тешко соработува и решава конфликти. Република Северна Македонија има искуство, имаме модел што сакаме преку оваа платформа да го презентираме во ОБСЕ регионот, но имаме и директно искуство со ОБСЕ мисиите,“ потенцираше министерот Османи.

Подготвено од М.Н.

About Author