https://www.facebook.com/photo?fbid=717502343064423&set=pcb.717502829731041

15.12.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Атина, оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас.

На средбата двајцата министри разговарале за договорот од Преспа и неговото позитивно влијание врз севкупните односи и соработка меѓу двете држави.

Исто така на остварената средба министрите изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка во бројни сфери и проекти од заемен интерес, како и перспективата на нивното натамошно унапредување, на билатерален, регионален и мултилатерален план.

Османи и Дендиас разговарале и за соработката во рамките на НАТО Алијансата, предизвиците поврзани со Украина и претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Министерот Османи упатил благодарност за поддршката на Грција во евроинтегративниот процес на Северна Македонија, која оваа година ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Подготвено од М.Н.

About Author