16.12.2022 Скопје
Потребното двотретинско мнозинство од 101 член во парламентот на Хрватска не гласаше за одлуката Хрватска да обучува украински војници на нејзина територија.
Владејачката партија во Хрватска не успеа да го собере потребното двотретинско мнозинство, односно 101 глас за усвојување на Одлуката за учество на припадниците на вооружените сили на Република Хрватска во мисијата на ЕУ за поддршка на Украина ЕУМАМ.
Учеството на Хрватска во мисијата ЕУМАМ требаше да вклучи пристигнување на околу стотина украински војници на обука во Хрватска во временски период од две години.
Подготвено од М.Н.