eu zapaden balkan roaming

06.12.2022 Скопје

На Самитот што се одржува во Тирана, телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и од Западен Балкан потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година.

Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан. По долги преговори Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералната секретарка Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите.

Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author