14.12.2022 Скопје
Со почетокот на новата 2023 година во Турција ќе се воведе туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции.
Оваа одлука за туристичката такса е донесена уште во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата со Ковид-19.
Сопствениците на туристичките агенции и нивните претставници првично беа против оваа одлука за воведување на такса со образложение дека тоа може да ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса.
Од наплата на туристичка такса ќе бидат ослободени претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус.
Подготвено од М.Н.