albanija dumani

19.12.2022 Скопје

Претседателот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција СПАК на Албанија, Алтин Думани, најави дека обвинителство преминува на поагресивна борба против корупцијата на функционерите на сите нивоа и тоа на првиот ден од неговиот тригодишен мандат.

Думани порача дека дадената доверба го тера да се посвети максимално на задачата и упати благодарност до своите колеги и досегашниот прв човек на институцијата, Арбен Краја, за максималната посветеност во соочувањето со предизвиците на оваа институција.

Думани истакна дека сите заедно ќе соработуваат и дека преку нивната работа ќе се соочат со предизвиците кои што ги очекуваат и додаде дека ќе го вложат својот максимум од СПАК да направат институција во која луѓето ќе имаат доверба и најави потесна соработка со албанското истражно биро, БКХ.

Подготвено од М.Н.

About Author