https://www.flickr.com/photos/117536176@N08/26531073239/in/photolist-GqsFKe-2dY1nei-a9Smo8-a9SmTi-a9V9PA-awAXzv-qqeVh1-a9Va2A-cAWLFG-LHBAhq-a9V9Km-2ttVn-uRz31z-c56rfd-oYrKnJ-8T6Tur-2nk9vYc-a9Va4u-a9SmQr-5DiHbr-7W2qRB-6dKc6D-GrjVfa-ajZjHm-qXAESx-4wyaH8-8yALZe-a9Smze-91Lr7b-pH7iC-aJeuh-rS6KFJ-7jt4RG-3d7GJ7-ctYWh-2stMHh-agTSdE-owdecD-pmxSW8-2mM66Er-9M6Pwx-bPVj8-eH7SDz-6Sdcap-pCQYxw-WzskPF-4LUX1s-s3QNmC-9g3vJf-66Grno

27.12.2022 Скопје

Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022-2023.

Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author