https://www.facebook.com/photo?fbid=561617882645815&set=pcb.561622892645314

16.12.2022 Скопје

Во контекст на две и пол децениските стабилни билатерални односи меѓу двете земји имаме успешна соработка со нашите партнери и НАТО сојузници, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на вчерашната средба со државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Доерти.

Маричиќ и Доерти разговарале за билатералната соработка, процесот на преговори на земјата со Европската унија, како и за безбедносната криза и последиците предизвикани од истата.

Доерти ја потврдил принципиелната поддршка на Обединетото Кралство за Република Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, поздравувајќи ги заложбите од страна на Владата на Република Северна Македонија, за спроведувањето европски реформи и за целокупниот напредок постигнат досега.

На темата за безбедност двајцата соговорници се согласиле дека Западен Балкан е клучен за европската безбедност.

Вицепремиерот Маричиќ посочил дека земјава е целосно усогласена со надворешната безбедносна политика на ЕУ, но и покрај тоа, сепак неопходни се поддршка и координирано делување, со цел да се превенираат посериозни можни последици.

Подготвено од М.Н.

About Author