https://www.facebook.com/photo?fbid=575590924391785&set=pcb.575591004391777

30.12.2022 Скопје

Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд триумфираше со победа во Оберстдорф во натпреварот во скијачки скокови што се одржа во рамките на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Првата победа на Новогодишната турнеја Гранеруд ја оствари со скокови од 142,5 и 139 метри, со 312,4 освоени поени, второто место го освои Полјакот Пјотр Жил, кој освои 299 поени, со скокови од 132,5 и 137 метри, а на подиумот се искачи неговиот сонародник Давид Кубацки со скокови од 140,5 и 136 метри, односно со 294,9 поени.

Поради проблеми со силен ветер, натпреварот беше прекинуван неколку пати. Новогодишната турнеја, 71 по ред, ќе продолжи в недела на 1 јануари со скоковите во Гармиш-Партенкирхен.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *