https://www.instagram.com/p/CXdVSmSsR2y/?utm_source=ig_embed&ig_rid=bcfff304-627c-4284-8369-5c1b81c420d3

20.12.2022 Скопје

Се чувствува празничната атмосфера на улиците низ градовите. Во пресрет на празниците, интересно е да се види како се славеле тие во минатото, особено во поранешна Југославија.

Неодамна на една од социјалните мрежи беше објавена фотографија од Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, направена во 80-тите години.

https://www.instagram.com/p/CmBkXopD56A/?utm_source=ig_embed&ig_rid=8d0a997a-3cbc-48ea-9263-42682b2663c5

Постарите генерации сигурно се сеќаваат како изгледале празничните украси на улиците на Сараево во минатото, а оваа фотографија секако ќе ги врати спомените од нивното детство или младост.

Иако денес можеме да уживаме во бројни илуминации во различни големини и форми, и новогодишниот декор во минатото имал свој шарм. Украсите во минатото биле многу поскромни, но од фотографијата од 80-тите се гледа дека и тогаш владеела вистинска празнична еуфорија.

На социјалните мрежи може да се најдат и други стари фотографии од градови низ поранешна Југославија за време на новогодишните празници, како Скопје, Загреб и Белград.

Без разлика дали ги славите новогодишните празници или не, ќе признаете дека овој период од годината има посебен шарм. Затоа, уживајте во новогодишниот период и шармот што тој го носи со себе.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author