https://kultura.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%88%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%86%d0%b5%d1%80%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d1%9f%d0%bc-%d0%b1%d0%b8%d0%b3-%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b4/

27.12.2022 Скопје

На сцената на Филхармонијата вo среда, 28 декември, новогодишен концерт ќе одржат биг бендот на Здружението на џез-музичари (ЗЏМ) и американскиот џез-тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила.

На концертот ќе настапат и уметниците Дарко Бенчиќ од Хрватска, редовен член на Љубљанскиот биг бенд, и Бојан Цветковиќ од Србија.

Луис Бонила е повеќекратен добитник на наградата „Греми“, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера со многубројни изданија, остварува соработка со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез-оркестар, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author