12.12.2022 Скопје
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, најави ново намалување на цените на дизелот и бензините Еуросупер 95 и 98.
Дизелот и Еуросупер 98 ќе се намалат за еден и пол денар, додека Еуросупер 95 за еден денар.
Тоа значи дека новата цена на дизелот и Еуросупер 98 ќе биде 78 денари, а на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари по литар.
Бислимовски истакна дека изминативе неколку недели цените се паднати за 30 денари.
Подготвено од А.Ѓ.