privatni prevoznici blokadi

05.12.2022 Скопје

Денеска од шест часот наутро, приватните автобуски превозници поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание.

Како што најавија, блокадите нема да ги тргнат се до исполнување на нивните барања.

Од „Слобода превоз“ истакнаа дека денеска автобусите се паркирани и ќе бидат се додека нема напредок од состојбава, односно се додека не ги викнат на разговори и да се договорат за динамиката на исплатата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можат да се вклучат на линија со цел да не трпат граѓаните.

Според приватниот превозник „Слобода превоз“, новиот јавен повик за поединечно аплицирање на возачите е само обид за разбивање на единството на приватните автобуски превозници.

На протестот со блокадите низ градот Скопје се автобуските превозници на двете компании, „Макекспрес“ и „Слобода превоз“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author