https://www.facebook.com/photo.php?fbid=650783743079410&set=pb.100044433699529.-2207520000.&type=3

21.12.2022 Скопје

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пораз го започна учеството нa егзибиците во Светската тениска лига во Дубаи, каде што загуби од Александар Зверев со 6:3, 6:4 во гемови, по еден час и шест минути игра.

„Соколите“ на Ѓоковиќ беа поразени од „јастребите“ со вкупен резултат 33:27, бидејќи ривалите поради триумфот добија дополнителни пет бода.

Во мешани двојки, во првиот меч Димитров и Бадоша ги совладаа Тим и Пављученкова со 5:7, 6:3, 10:4, а веднаш потоа, Рибакина со пресврт ја совлада Сабаленка со 0:6, 6:1, 10:6.

Подготвено од М.Н.

About Author