Image by DCStudio on Freepik

12.12.2022 Скопје

Британската управа за здравје и безбедност ги предупреди сите кои се враќаат од Катар, кој моментално е домаќин на Светското првенство, да ги следат симптомите на „грип од камила“, потенцијално фатална респираторна инфекција чии симптоми вклучуваат треска, кашлица и повраќање.

Според податоците на Светската здравствена организација, инфекцијата може да биде фатална за заразените и секој трет заразен умира од неа.

Британските здравствени власти објавија дека блискоисточниот акутен респираторен синдром (МЕРС) може да се зарази преку контакт со камили.

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога се во прашање навивачите кои се враќаат од Светското првенство, а кои покажуваат знаци на болест.

Во упатствата на Агенцијата се наведува дека ризикот од заразување на граѓаните е многу мал, но може да се зголеми за оние кои се изложени на одредени фактори на ризик во тие региони, како што се камилите.

МЕРС може да се зарази преку близок контакт со камили или со консумирање производи од камили, на пр. непастеризирано млеко од камила.

Други фактори на ризик се близок контакт со заразено лице. Наводно, многу навивачи кои присуствувале на Светското првенство уживале во јавањето камили во Катар.

Во ОК до денес се пријавени пет случаи на МЕРС, а последниот познат случај е регистриран во август 2018 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author