19.12.2022 Скопје
Неколку невладини организации бараат од Белгија да не оди заедно со мнозинството земји-членки кои најверојатно ќе побараат од Европската комисија да спроведе дополнителна проценка на влијанието врз целите на ЕУ за намалување на пестицидите на самитот на Советот.
За време на Советот за транспорт, телекомуникации и енергија, многу земји-членки може да побараат од Комисијата да спроведе нова проценка на влијанието на целите за намалување наведени во Директивата за одржлива употреба на пестициди (SUD).
Државите и комесарот за земјоделство на ЕУ, Јануш Војчеховски, веруваат дека е оправдана новата проценка на влијанието, велејќи дека напорите за намалување на пестицидите може да ја поткопаат безбедноста на храната на пазар кој е уште потензичен поради војната во Украина.
Но, според невладината организација Nature&Progrès, таквата одлука која би била усвоена „без политичка дебата или формално гласање“, би можела „да го исфрли целиот зелен договор од колосек“, а поконкретно, стратегијата на блокот за одржливо земјоделство и во корист на биолошката разновидност, од кои намалувањето на пестицидите е централна цел.
„Користејќи ја безбедноста на храната како сомнителен аргумент, веќе извесно време се прават обиди да се одложи и ослабне овој законски пробив“, напиша невладината организација во соопштението за печатот.
На 7 декември, 16 невладини организации – вклучително Nature&Progrès, Natagora, WWF и Greenpeace – испратија писмо до сите надлежни регионални и федерални министри за да се осигураат дека Белгија ќе заземе јасна позиција за продолжување на преговорите за идната регулатива на ЕУ, особено со цел да ги одобри целите за намалување на пестицидите за 50% до 2030 година.
Nature&Progrès оценува дека неодамнешниот владин договор покажува дека не е доволно „амбициозен“ кон намалување на хемиските материјали за да се поддржи претстојното законодавство на ЕУ.
Според невладината организација, за граѓаните на Белгија и ЕУ, пестицидите претставуваат голем ризик за здравјето и животната средина, а тоа се рефлектира во Европската граѓанска иницијатива „Спасете ги пчелите и фармерите“, во која 1,2 милиони европски граѓани – главно од Германија, Франција , Белгија и Холандија – ја поддржаа и што беше примена од Комисијата минатиот месец.
Неодамна, Nature&Progrès и друга невладина организација, Pesticide Action Network (PAN), презедоа правна постапка и заеднички побараа од Државниот совет на Белгија да го суспендира овластувањето за два инсектициди базирани на циперметрин, супстанца која наводно е поврзана со штети по здравјето и животната средина: Sherpa 100 EW et Aphicar 100 EW.
Подготвено од А.Ѓ.