https://www.facebook.com/photo/?fbid=892852328499525&set=pb.100033242991642.-2207520000.

17.12.2022 Скопје

Навивачите на Партизан конечно се израдуваа на победа на својот тим и тоа на голема победа во Евролигата откако го совладаа Анадолу Ефес со 82-79.

Иако турскиот тим во Белград замина како фаворит и така се одвиваше натпреварот во првото полувреме каде на паузата Анадолу Ефес водеше со 37-28, но резултатот во второто полувреме драстично се промени.

Тимот на Партизан ја доби третата четвртина со 25-17 и се врати во игра и по неизвесната завршница на мечот на крајот победија со 82-79.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *