francija docek na reprezentacija

20.12.2022 Скопје

Илјадници навивачи ги пречекаа француските фудбалери на Плас де ла Конкорд во Париз, откако беа поразени на пенали од Аргентина во финалето во Катар, на плоштадот владееше одлична атмосфера, кога играчите и тренерот Дешан се појавија на балконот од хотелот „Кријон“.

Репрезентативците ја поздравија публиката, која вееше француски знамиња и извикуваше „Благодарам триколори“.

Капитенот на Франција Уго Лорис беше воодушевен од поддршката на навивачите и покрај поразот во финалето и истакна дека премногу е горд на својата репрезенрација и дека работата нема да запре тука.

И покрај околностите и многу работи што се случија пред и за време на турнирот, останавме обединети и ја покажавме силата на нашата репрезентација, истакна Лорис.

Францускиот напаѓач Оливие Жиру изјави дека тешко ќе се раздели од своите соиграчи бидејќи последниот месец и половина го поминале заедно како едно семејство.

Подготвено од М.Н.

About Author