https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321729393329439&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

15.12.2022 Скопје

Поради руската инвазија врз Украина земјите-членки на Алијансата се согласија значително да ги зголемат заедничките трошоци во новата безбедносна ситуација во Источна Европа.

Цивилниот буџет на Алијансата за 2023 година ќе биде зголемен за околу 28 отсто до 370,8 милиони евра на годишно ниво, додека воениот буџет за 2023 година е поставен на 1,96 милијарда евра, што претставува зголемување од 26 отсто во споредба со 2022 година.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека ја поздравува одлуката, и истакна дека таа е конкретен израз на повисокото ниво на амбиции меѓу земјите-членки.

Столтенберг соопшти дека само Северна Америка и Европа, кои работат заедно во силно НАТО, можат да задржат една милијарда луѓе безбедни во се поопасниот свет.

Моменталната состојба на воениот и цивилниот буџет на НАТО заедно изнесуваат околу 1,8 милијарда евра, но во споредба со трошоците за одбрана на одделните земји-членки, ова е многу мала сума бидејќи според документите на НАТО, само САД последен пат потрошиле 769 милијарди евра, додека Германија околу 55,6 милијарди евра.

Подготвено од М.Н.

About Author