26.12.2022 Скопје
Дигиталното евро е проект за „дигитализација“ на европската заедничка валута, кој наскоро треба да заживее.
Таквите пари би биле електронско платежно средство, кое би можело да го користи секој во еврозоната, а секако би било безбедно и лесно да се користи и како готовината, а нема да биде неопходно да се користи банкарска сметка, туку само мобилна апликација.
Европската централна банка (EЦБ) го започна овој проект со цел да ја истражи можноста за маркетинг на сопствена дигитална валута.
За ова, соработката на приватниот и јавниот сектор е клучна, важно е да се одредат точните улоги на ЕЦБ како издавач и други посредници на пазарот, како и кој и како ќе го дистрибуира дигиталното евро до крајните корисници. Се работи на утврдување на улогите на иницијатори на трансакцијата, автентичност, функционална верификација и други платежни активности, како и конечното порамнување меѓу сите инволвирани страни.
Друг важен дел од системот е моделот на порамнување, односно систем кој ќе проверува дали исплатувачот има доволно пари, дали може да му се префрлат на примачот, како и дека во исто време е отстранет од една сметка и најден е во друга сметка, со тоа што системот мора да биде дизајниран така што ниту една од институциите не може да ја види состојбата на сметката на граѓанинот, ниту да може да го анализира неговото плаќање.
Трет дел од овој систем е, трансферот од готовина во дигитално евро кој мора да биде едноставен, како и трансферот на пари од централната банка во јавноста и обратно. Сето тоа треба да се прави без прекин, континуирано 24 часа на ден, 365 дена во годината без никакви проблеми, како да се работи за трансфер на готовина „од рака на рака“, и најважно е да се создадат заеднички правила со кои дигиталните плаќања во евро би функционирале низ еврозоната без разлика на границите.
Подготвено од М.Н.