https://www.flickr.com/photos/48978385@N05/6118657735/in/photolist-ajFHLT-6onAfR-7Y8ntN-bHnsG2-axDeMZ-ar1fC3-6R6vLn-5AkP1q-3YjFU9-d8PZz1-4UXq2Z-dgTqwU-49c2w6-nfJGkM-9kgBLX-9gJBcD-hhZP9-wjyg-aj8ph4-cK25dq-dWgWz-Z5RkaM-afLqm8-5qQYQz-GASBUE-4qAopj-irsXXX-4u3ToA-AWLqbF-78ypBr-7ghNh5-5mcfSg-t5vbEn-4aJ2iz-dGXmtA-dhBNTw-Z2WWC2-gjEaF-oeQswd-HeLeY-5JsMc7-rmttGP-8XgfNr-9NwyTq-2eFzJDm-9dHoo5-7VXgvc-7DkpiW-7aiZNp-z3gX3R

28.12.2022 Скопје

Изреката „Едно јаболко на ден го држи лекарот надвор“ воопшто не е мит.

Од прегледи кои се направени во Food Science and Nutrition потенцираат дека јаболката се клучни за одржување на кардиоваскуларното здравје, ги штитат крвните садови и го намалуваат крвниот притисок. Американското здружение за срце (АХА) наведува дека флавоноидот кверцетин, кој исто така се наоѓа во јаболката, е антихипертензивен.

Експертот за исхрана, д-р Џош Акс, истакна дека јаболката содржи многу јаглехидрати, и можат да обезбедат доза на енергија пред или после вежбање. Може да доживеете и зголемување на расположението бидејќи јаболката помагаат да се ослободи серотонин во нашиот организам, додаде д-р Акс.

Д-р Џош Акс сепак предупредува дека, доколку конзумираме премногу јаболка, може да се забележи промени во шеќерот во крвта, што може да не натера да копнееме повеќе за шеќер.

Затоа се препорачува внимателност за луѓето со лошо метаболичко здравје или дијабетес, премногу шеќер од овошјето може да ја влоши чувствителноста на инсулин или да ја попречи ефикасноста на лековите за дијабетес, изјави д-р Акс.

Подготвено од М.Н.

About Author