NASA

08.12.2022 Скопје

Луѓето ќе почекаат уште некоја година за да стапнат на Месечината, но економијата таму веќе се развива. Американската компанија за 3Д-печатење ИЦОН штотуку склопи договор вреден 57,2 милиони долари со американската вселенска агенција НАСА за да гради живеалишта на Месечината.

Компанијата ќе гради 3Д-печатени засолништа за астронаутите на Месечината. Засолништата треба да бидат готови до 2026 година.

Главниот извршен директор на ИЦОН, Џејсон Балард, изјавил дека чувствуваат вистинска тежина и одговорност, не го прават ова само за нив.

Компанијата е позната по изградбата на 3Д-печатени населби на Земјата. Кога станува збор за проектот на Месечината, фирмата планира да ги изгради домовите од материјали на Месечината, како прав, камења и слични материјали од природниот сателит.

Балард објаснил дека на тој начин, изградбата на живеалиштата на Месечината ќе биде поевтина отколку кога би се носеле материјали од Земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author