https://kultura.gov.mk/%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%82%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4-%d1%81%d0%be-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82%d1%81/

16.12.2022 Скопје

Во рамките на меморандумот за соработка меѓу Србија, Албанија и Република Северна Македонија – „Театар Отворен Балкан“ (Open Balkan Theatre), што беше потпишан неодамна и е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции, на 21 декември, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам.

Диригент на претставата (романтичен балет во два чина) е Иван Еминовиќ. Кореографијата на Леонид Лавровски ја реализира Катарина Обрадовиќ, костимографијата е на Божана Јовановиќ, сценографијата е на Борис Максимовиќ, а концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац-Кнежевиќ, заедно со Хозе Иглесијас и Никола Бјанко.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author