28.12.2022 Скопје
Според последните податоци за аерозагадувањето од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје.
Тоа значи дека престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, односно бремените и хронично болните може да се вратат на своите работни места а од денес престанува и одлуката за бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје.
Подготвено од М.Н.