https://www.facebook.com/euzakultura/photos/bc.AbooyAW1Vop2rPd5xsY7ciKsosjK9lrUhBM95XV9PO1rHEjmxxGLb7gITffXfpMiiWuBCiYyBtEdhdr1MfhJsm8cfSF6B794ZucBjwf8bwZ_CWMlNAuxK3sTdwTeKK4vGVZLshciGSaidnd5FfKKa627LF26QfxNzaEajAZj22m7tsjUGw16pS5vWN0NCvUdNwpOAXXJZDFXH_-l3gU2fcqkwfEfSxldIjElZ86jQATVzA/1769717143363171/?opaqueCursor=Abp4tsrX2nbC1NF-sVmJ3qoML1Rj9q4xHduQT6tVW7kXLJ8QGksEzstfz4l4pa-B242eDQb-mlPLxgFNvhN9kVdlM8EggrwGIWgyl0FkBxoj10NLzS2vZGB75bD95gNF1632dsqHc2L-Tq8p2xWRb6e105vOLDxm4Yivn6hNWlUxwOvxkGCO9-Sy4xVn2lXSwinUr6oUfipP5Cy72opgJy2AcQmTu8orbjA7bwQBvjDH24uJLBvhgyson_ruRG_RB-AbY-RqbnEFaOlxNu2oCWD0jzmIhXLTENouqDJ7W0eDUiMsV9SnjaTI4TV1q8Net3yJaxbKSSnm1YfPnepNFm9FWubxbBjvnxeWyPNGc3Yvb0wvhxKooeaNvdu4VlGEK5auUndtu8MkiFlrFRcNoXxvxiIrxgzfN3AiMfKTeUGNr5-mBIAeXXcZjOs8e_d203snOBjFM8eV-Bg6-totMvgvh8LO1NJLIk2kCTc4Se6zKy1jrdtjP4ZqhKdVXXO5EjGg-IavXC5xHPumsNLOccedwr9jnAIrB4GxZSQvbrZWC5kkiUUmQYy3pZBUJ0SSh2ulZXS3yzNFCgVp0ZQn_jReYbM-G22ozJ0SKnAti45WNkquKvvfpz91-euGCedHHGTXgni0XXYg_2veUi-8En2tePOI0Jnadhwjn1omHM4x7A

09.12.2022 Скопје

На Филмскиот фестивал „Панорама на европскиот филм“ („Panorama of European Cinema“), кој се одржа во Атина по 35. пат, филмот на Теона Стругар-Митевска „Најсреќниот човек на светот“ ја доби наградата за најдобар филм од Асоцијацијата на филмските критичари на Грција.

На церемонијата на доделувањето на наградите, од името на добитничката Митевска, наградата ја прими амбасадорката на Република Северна Македонија во Грција, Лидија Бошковска.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија информира дека на годинашното издание на овој реномиран филмски фестивал, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска добива награда за најдобар филм од меѓународна натпреварувачка секција доделена од Панхеленичкото здружение на филмски критики (ПЕКК), чија комисија е составена од: Ифигенија Каланци, Димитрис Калантидис и Тасос Нтертилис.

Оттаму додаваат дека „Најсреќниот човек на светот“ е веќе откупен за кинодистрибуција во Грција од страна на „АМА филмс“, кој се докажа како одличен дистрибутер на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“.

Фестивалот „Панорама на европскиот филм“, во своето 35-годишно постоење, се наметна како уметничка манифестација која секоја есен го збогатува културниот живот на Атина.

„Панорама на европскиот филм“ е најдолготрајниот филмски фестивал во Атина и е ориентиран кон презентирање на европската и на грчката кинематографија, современата, како и постарата, без игнорирање на кинематографијата од другите делови на светот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author