16.12.2022 Скопје
Турција моментално го има најголемото складиште за гас во Европа, поради зголемување на капацитетот на складиштето за природен гас во Силиври во Истанбул.
Во Силиври денеска се одржа програма по повод завршувањето на проектот за зголемување на капацитетот на подземното складиште за гас.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Силиври сега е најголемото подземно складиште за гас во Европа, и нагласи дека Турција со енергетските услуги што им ги дава на своите граѓани и индустријата, сега е на 17. место во светот според количината на снабдување.
Ердоган додаде дека енергетска визија на Турција е да се намали надворешна зависност од примарните ресурси од 71 отсто на 13 отсто до 2053 година.
По зголемувањето на капацитетот, складиштето ќе може да задоволува приближно осум отсто од годишните потреби на Турција за природен гас, бидејќи вкупниот капацитет за складирање се зголемил од 3,2 милијарди на 4,6 милијарди кубни метри, а дневниот повратен производствен капацитет се зголемил од 28 милиони на 75 милиони кубни метри.
Подготвено од М.Н.