Image by master1305 on Freepik

13.12.2022 Скопје

Во сезона на настинки кога симптомите го нарушуваат нашето секојдневие, речиси на секоја поединка прв чекор е одење во аптека и земање на лекарства на своја рака, а според фармацевтите тоа е најголема грешка која се прави.

Фармацевтот Абас Канани предупредува дека лекувањето на своја рака предизвикува повеќе штета отколку корист, бидејќи лековите не ја лекуваат настинката туку тие само ги ублажуваат симптомите што ги имаме.

Канани истакна дека нема голема разлика од кога ќе се започне со употреба на лекови против настинка бидејќи тие немаат ефект врз природата на самиот вирус, кој секако напредува без разлика дали ги земаме лековите или не, бидејќи сите тие се само симптоматско олеснување на класичната настинка која во просек трае до 10 дена.

Уште една од најчестите грешки е употребата на стари антибиотици кои исто така, не можат да помогнат во лекувањето на настинката, а дополнително опасно може да биде и земањето антибиотици кои ги имаме користено за минатите лекувања, истакна Канани.

Канани предупреди и на недоволното внесување на течности во организмот бидејќи дехидратацијата е особено опасна во периодот на настинки и потенцираше дека хидратацијата и правилната исхрана се исклучително важни за здравјето на секој поединец, затоа доколку дојде до првични симптони на настинки првиот чекор да биде внес на голема количина течности а не земање на лекови на своја рака.

Подготвено од М.Н.

About Author