https://www.facebook.com/photo.php?fbid=694154212297728&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

30.12.2022 Скопје

Барикадите кои ги поставија Србите на северот на Косово се отстранети, освен премините Јариње и Брњак кои засега се уште се затворени.

По 19 дена од поставувањето на пунктовите, Србите се повлекоа по одржаниот состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој им соопшти дека добиени се гаранции од САД и од ЕУ за исполнување на нивните барања.

Претходно во домашен притвор беше пуштен поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, а ослободен е и Никола Недељковиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека пред да продолжи дијалогот со Приштина, потребно е меѓународната заедница да ги исполни гаранциите што веќе ги има дадено.

Вучиќ истакна дека Србите повеќе нема да трпат терор, но дека се плаши од неодговорноста на меѓународните претставници и од „арогантните приштински власти“.

Подготвено од М.Н.

About Author