https://www.flickr.com/photos/foto_db/24336426216/in/photolist-D5wxDs-23PnDD3-2nP1msJ-2a5ifJg-zZbWmC-L6r3df-PmLSM9-2db8Vma-2mkxzhN-2k4vSAK-LrQWCa-23GVya9-2mmpART-dp1xJH-SJVkG3-Ju48Bo-21qmgQo-2jnoPoa-2k4vauF-22RcPQm-2iEJ5pC-2mSEpqs-2nXF7PE-2aZZTMX-2n5uPJD-AoKaX1-fqa92i-2YyNS-z3AMR4-ChTPoM-JPqwEE-SBDXUT-22pv2EM-2n2fPpc-26maffx-5kpAF6-BQLsx3-8pvKor-BkvnQ4-2kfsfx8-H5ePNt-SrPZH9-Emv7Dk-BJo5pK-fqa7Ji-2cYaDQA-oUbc63-iWxD4b-nJQ3rw-BkowhQ

28.12.2022 Скопје

Нарушувањата во европската економија, предизвикани од војната во Украина и санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, деновиве во Унгарија се рефлектираат во галопирачкиот раст на цените и недостигот на одредени производи на пазарот.

Според Националниот институт за фармација и безбедност на храна (OGIEI), повеќе од 1.500 лекови во моментов недостасуваат на полиците на аптеките во оваа земја. Најчести причини за недостиг се, како што е наведено, проблемите во производството, предизвикани од недостаток на активни супстанции, како и тешкотиите поврзани со транспортот и складирањето.

Иако се понудени замени за многу од исчезнатите лекови, отсуството на некои лекови, како оние што се користат за лекување на различни форми на анксиозност, е тешко да го поднесат пациентите во Унгарија. Забележливи се и недостигот на одредени антибиотици и офталмолошки лекови, кои во пракса се покажаа како многу ефикасни, па пациентите неволно се одлучуваат за понудените терапевтски алтернативи.

Поради актуелната економска криза, жителите на Унгарија во наредните денови треба да очекуваат недостиг на одредени прехранбени производи.

Слично како и во Унгарија и во Хрватска медиумите јавуваат дека недостасуваат лекови особено за оние лица со хронични болести. Во само една аптека недостасуваат речиси 300 препарати, на листата се и лекови за најчувствителните групи на население, децата, а со ваков проблем се соочува и една од најразвиените земји во Европа, Германија, а прашање на денови е кога ќе има слично сценарио и во хрватските болници.

Подготвено од М.Н.

About Author