https://www.flickr.com/photos/157258934@N08/40381467664/in/photolist-24wnzt7-5xnKUf-441URh-43ZS51-43WDGe-5dX8HU-43ZS8A-7FyjS5-5xnMum-2i9m1v-aE1atX-ydnEp-43WDFV-441ibA-oTW2rm-pNG22A-pykt5L-5dSPBp-441USm-42EZ9i-441PNU-pNG22W-okYVTq-43VRZP-fEmsq4-oTW2m1-43VRYV-43VRZr-43Wii6-42KvW1-zugfyy-47B6wm-5xnKfG-hPEHtZ-26GXkG1-2giPD4T-g5MTj2-2kaZEDG-2gNEr9i-pfyLKU-2nrpgKC-f7QvAs-cytLyC-44173w-441PDy-2aex3h9-2ik5Ngr-43WDDK-441dkh-oQY21z

21.12.2022 Скопје

Министерството за енергетика, трговија и индустрија на Кипар соопшти дека успешно завршиле дупчењата во Блокот шест во ексклузивната економска зона и било откриено ново, трето по ред, наоѓалиште на природен гас.

Од надлежното Министерство на Кипар соопштија дека дупчењето е изведено со бродот „Tungsten Explorer“ на оддалеченост од 162 километри од брегот на Кипар и на длабочина во водата од 2.300 метри, каде се покажало постоење на колона на чист природен гас од 105 метри, со количества кои според прелиминарните проценки изнесуваат вкупно две до три трилиони кубни стапки (Tcf).

Истражувањата ги водеа операторот „Eni Cyprus Limited“ и „Total Energies EP Cyprus B.V“, а компаниите заедно со Министерството во Кипар ги разгледуваат начините за забрзување и оптимално искористување на откритијата во Блокот шест.

Подготвено од М.Н.

About Author