05.12.2022 Скопје
Трговците од мостарските продавници истакнаа дека поради поскапувањето во последно време се краде се и сешто, вклучително и храната која во октомври на годишно ниво во Босна и Херцеговина поскапе за 25,9 отсто и додадоа дека меѓу крадците има и такви кои тоа го прават „од навика“.
Портпаролот на МУП на Херцеговско-неретванската жупанија Људевит Мариќ вели дека храната најмногу се краде во трговските центри.
Мариќ тврди дека на прекршителите им се доставува прекршочен налог, доколку нема елементи на кривично дело. Воедно, додаде дека МУП ќе има точна статистика за кражбите извршени годинава на почетокот на јануари 2023 година, но напоменува дека според досегашните податоци во последно време не евидентираат поголем број на кражби од вообичаено.
Подготвено од А.Ѓ.