https://www.facebook.com/ConElPapa/photos/pb.100064414973238.-2207520000../1301633136609365/?type=3

15.12.2022 Скопје

Официјална Москва соопшти дека од страна на Ватикан има добиено официјално извинување поради недоличните коментари од папата Франциск, кој што изјави дека руските војници од некои етнички малцински групи биле „најсурови” борци во конфликтот во Украина.

Папата Франциск претходно изјави дека суровоста на руските воени сили во Украина, генерално можеби се најсурови, особено оние кои имаат руско потекло, но не се придржуваат до руската традиција, како Чеченците или Бурјатите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментарите на папата ги нарече „нехристијански” и неразбирливи, додека пак потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија смета дека оваа работата е завршена и се надева на конструктивен дијалог меѓу Русија и Ватикан.

Министерот Лавров пак додаде дека е премногу изненаден од коментарите на папата бидејќи Ватикан во неколку наврати имаше директна понуда за учество во решавање на конфликтот, но сега поради неговата остра критика кон Русија, тоа е многу малку веројатно.

Подготвено од М.Н.

About Author