moldova mapa

23.12.2022 Скопје

Директорот на молдавската разузнавачка и безбедносна служба (СИС), Александру Мустеаца, изјави дека Русија би планирала да ја нападне Република Молдавија на почетокот на 2023 година, но спроведувањето на сценариото зависи од еволуцијата на војната во Украина.

Според официјалниот претставник, се анализираат неколку сценарија во кои Москва би го пробала тоа, вклучително и копнена инвазија преку северот на Украина кон Република Молдавија.

Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску изјави дека нема информации за можен напад на Русија врз Република Молдавија.

Во исто време, молдавските безбедносни експерти тврдат дека е малку веројатна евентуалната инвазија на Република Молдавија преку Придњестровје и дека ризикот од напад во Република Молдавија е минимален, со оглед на тоа што руската армија е на дефанзивата во Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author