10.12.2022 Скопје

Локалните медиуми пренесуваат дека ноќта во Косовска Митровица поминала во мирна, но тензична атмосфера.

Низ улиците на градот биле забележани бројни возила на ЕУЛЕКС откако ситуацијата на северот на Косово се влоши по завчерашната операција на специјалните единици на косовската полиција.

Централната изборна комисија на Косово синоќа одржа вонредна седница за претстојните избори во четирите општини на северот, се разговарало за безбедноста на изборите.

Дел од западните земји ја повикаа косовската влада да ги одложи изборите закажани за 18 и 25 декември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *