30.12.2022 Скопје
Претседателката на црногорското Собрание Данијела Ѓуровиќ соопшти дека се исполнети условите Миодраг Лекиќ да биде мандатар за состав на новата влада на Црна Гора.
Лекиќ беше предложен за мандатар од старото ново мнозинство, кое го сочинуваат партиите кои победија на изборите во август 2020 година, а Ѓуровиќ истакна дека овие услови се остварени бидејќи црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не предложи мандатар на барање на парламентарното мнозинство.
Претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ изјави дека постои начелен договор новата Влада на Црна Гора да биде формирана пред 20 јануари, кога ќе бидат распишани и претседателските избори во државата.
Подготвено од М.Н.