https://www.facebook.com/photo?fbid=505368501626341&set=pcb.505368924959632

18.12.2022 Скопје

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов изјави дека оваа година сите општини имаат зголемен трошоците и долгови во споредба со минатата година.

Пенов посочи дека земјава е пониско децентрализирана од европските стандарди, при што има неискористеност и на оние ингеренции коишто законот им ги дава на општините.

Според направени анализи заедно со УНДП за функционирањето на општините во оваа криза, во сите општини во земјава вкупните трошоци за енергија во периодот јануари-септември 2022 година споредени со истиот период минатата година се зголемени за една милијарда денари.

Според министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, сето тоа говори за еден многу лош менаџерски однос, не само на градоначалниците, туку и на советите и управите во општините во моментов во Република Северна Маедонија.

За проблемите околу фискалната децентрализација и фер распределувањето на средствата, Пенов изнесе неколку нивоа, а тоа се дека земјава според бројките е пониско децентрализирина од европските стандарди, потоа неискористеноста на ингеренциите овозможени со закон, како и недостигот на капацитетите кај малите општини.

Според министерот Пенов, не само малите општини, туку и најголемите недоволно ги евидентираат имотите за да наплаќаат данок на имот и недоволно ги искористуваат инструментите да зафаќаат данок на имот, истакнувајќи дека комуналиите, особено во Скопје се држат на ниско ниво, а со тоа се предизвикува една атмосфера на урбан хаос во сите општини.

Подготвено од М.Н.

About Author