30.12.2022 Скопје
Месеци по разорните поплави во Пакистан, милиони остануваат без покрив над главата и имаат потреба од засолниште. Претходно оваа година, до 33 милиони луѓе беа погодени во услови на широко распространето уништување во сезоната на монсуните.
Во извештајот на ОН се вели дека околу осум милиони сè уште се потенцијално изложени на поплави или живеат во близина на погодените области.
Имран Хамед, основач на Bearded Broz, во Сметвик, истакна дека е потребна поголема помош од целиот свет во спротивно „само ќе се влоши“.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ја повика меѓународната заедница да обезбеди „итна помош“. На неодамнешниот телевизиски пренос, тој истакна дека и денес на 20 милиони жртви од поплавите им е потребна итна хуманитарна помош.
Добротворната организација Human Appeal со седиште во Манчестер соопшти дека поплавите сè уште погодуваат речиси едно од 15 луѓе во Пакистан.
Нуман Шахид, координатор за специјални проекти во Human Appeal, кој има центар на локалната заедница во Бирмингем, рече дека погодените исто така се соочуваат со болести кои се пренесуваат преку вода, додавајќи дека колерата е најголемата болест која се пренесува преу вода во моментов, а втора е маларијата. Воедно, додаде дека постои долгорочна потреба од засолниште, пакети со храна и медицински материјали за да им се даде нормалност да можат сите да се вратат во нормален живот. Тој, исто така, истакна дека водата од поплавите полека се повлекува, но тоа не значи дека ја нема.
Г-дин Шахид рече дека има потреба од „домови отпорни на поплави“ бидејќи привременото засолниште нема да биде заштитено од зимата. Тој, воедно, призна дека сè уште е земја која нема систем каде што може да оди водата.
Имран Хамед, основач на Bearded Broz во Сметвик, рече дека зимската сезона и „навистина густата магла“ ја влошиле ситуацијата уште повеќе. Воедно, додаде дека волонтерите се обидуваат да направат сè што можат, но помошта стигнала само до околу 80 отсто од заедниците.
Подготвено од А.Ѓ.