20.12.2022 Скопје
Метеоролозите од Националната метеоролошка канцеларија на Обединетото Кралство предвидуваат дека 2023 година ќе биде 10-та година по ред во која глобалните температури ќе бидат најмалку 1 степен Целзиусови над климатските промени, односно дека 2023 година би можела да биде една од најтоплите години во светот.
Според записите кои датираат од 1850 година, 2016 година во моментов е најтоплата година до сега.
Според професорот Адам Скалф, кој е раководител на долгорочните прогнози во Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, следната година можеби нема да е рекордна по високи температури, но ќе биде значајна поради зголемувањето на температурите поради зголемените глобални емисии на стакленички гасови.
Подготвено од М.Н.