27.12.2022 Скопје
Поранешниот руски претседател и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, ги претстави своите предвидувања за следната година.
Во новогодишната ноќ сите се занимаваат со предвидувања, многумина излегуваат и со футуристички хипотези, како да се натпреваруваат да го одберат најлудото, дури и најапсурдното, истакна Медведев и дополни дека и тој има предвидувања за наредната година.
Медведев ги наведе следните десет предвидувања за 2023 година:
1. Зголемување на цената на нафтата на 150 долари за барел и на гасот на 5.000 долари за 1.000 кубни метри.
2. Враќање на Обединетото Кралство во Европската унија.
3. Распуштање на ЕУ по враќањето на Обединетото Кралство и укинување на еврото како валута на поранешната Европска унија.
4. Окупација на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија.
5. Создавање на Четвртиот Рајх врз основа на Германија, (Полска, балтичките земји, Чешка, Словачка, Романија, Република Киев и други отпадници).
6. Војна меѓу Франција и Четвртиот Рајх, поделбата на Европа, вклучително и новата поделба на Полска.
7. Одвојување на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и приклучување кон Република Ирска.
8. Американска граѓанска војна, одвојување на Калифорнија и Тексас во независни држави, односно создавање на сојузна држава Тексас и Мексико. Последователна победа на Илон Маск за време на претседателските избори во САД во некои од државите кои беа доделени на републиканците по Граѓанската војна.
9. Трансфер на сите поголеми берзи и финансиски активности од САД и Европа во Азија.
10. Колапс на финансискиот систем на Бретон Вудс, ММФ и Светска банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути, и враќање на златниот стандард.
Подготвено од М.Н.