https://www.facebook.com/photo/?fbid=558556086285328&set=pcb.558556236285313

13.12.2022 Скопје

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата посветена на годишниот Извештај на Европската комисија за кластерите „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“, рече дека Владата има јасно поставена цел, јасен план за реформирање кој мора да продолжи и во следниот период.

Вицепремиерот посочи дека Годишниот Извештај на Европската комисија за 2022 година, кој пристигна неколку месеци после почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, ќе биде основа за компарација како било пред, а како после почетокот на преговорите.

Маричиќ верува дека заеднички ќе ја подобриме оценката на следниот годишен Извештај на ЕК, ќе се прават сигурни чекори на европскиот пат и заеднички ќе ја реализираме стратешката цел, додавајќи дека преговорите со ЕУ се државен и тимски проект кој надминува и мандат на една влада и партиски интереси.

За главниот преговарач со ЕУ сите Кластери и поглавја се важни и имаат своја посебна тежина, но поглавјата од Кластерите 2 и 3, „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“, имаат директно влијание врз животот на граѓаните бидејќи опфаќаат значајни области и за работниците и за работодавците, малите и големите претпријатија, индустријата, стопанството, економската и монетарната политика, оданочувањето, социјалната политика, но и науката и истражувањето и образованието и културата.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека пред Извештајот застануваме транспарентно, инклузивно и одговорно кон сè она што е нотирано во него, а секоја забелешка и препорака ќе биде насока за планирање на следна реформска активност.

Маричиќ кажа дека Извештајот покажува стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата и одржливи реформи и напомена дека сега мора да го задржи континуитетот и да се даде нова динамика на реформите, бидејќи како што вели Маричиќ, колку побрзо ги коригираме укажувањата толку побрзо ќе се трансформираме и ќе се подготвиме за членството во Унијата. Воедно, изрази уверување дека овие панел дискусии посветени на Извештајот ќе продолжат и следната година и дека пратениците ќе бидат следни кои ќе дебатираат за европската иднина и за забелешките кои Европската комисија ги испрати за Собранието.

Со панел-дискусија за Кластерите 2 и 3 „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“ се заокружи серијалот настани под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности“, организиран од Секретаријатот за европски прашања, со поддршка на долгогодишните пријатели и помагачи на процесот на пристапување во ЕУ, Кралството Шведска преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Република Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *