https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.instagram.com%2Fp%2FCfwVGX4N5Sl%2F%3Figshid%3DYmMyMTA2M2Y%253D%26fbclid%3DIwAR1SYhJuJ7_wcNtaUKq1xcP2iAs8eVyUMYsj3dySHGDV-O5lF5W9y8a6Eb8&h=AT1_HU-zI4z-woXzRJ2--Z0T5rgZ0YakGa5VGW3uo3rk98pQMZy226AoUOnveMhJZvv_j5-KpkQNV4CJIMkULRDtUOivxi97bnok9TJDzyK8CKUWnYTL2mayUO2xNRgzIFcxsw

14.12.2022 Скопје

Калин Ивановски се искачи за 69 позиции на АТП-листата и дојде до 541-то место, што е негов најдобар историски постигнат успех до сега.

Македонскиот тенисер Калин Ивановски пред осум дена го освои својот трет пехар во кариерата откако триумфираше на фјучерсот во Мадрид, ден потоа напредуваше за 17 позиции, а сега има нов огромен напредок за уште 69 места после само една недела од претходното рангирање.

На листата на тинејџерската ѕвезда во тенисот прв е Карлос Алкараз, пред Рафаел Надал, па следуваат Каспер Рус, Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *