https://www.facebook.com/photo/?fbid=533379325497450&set=a.463487625819954

28.12.2022 Скопје

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа над Црна Гора од 38-33 ги почна подготвителните натпревари за Светското првенство.

Кире Лазаров не можеше да смета на Филип Кузмановски кој ги имаше последните обврски кон Хановер, а дополнително поштеда добија и Никола Митревски, Петар Атанасијевиќ, Давид Савревски и Александар Петковски.

И репрезентацијата на Црна Гора настапи ослабена, без девет играчи кои се уште имаат клупски обврски.

Вториот тест натпревар ќе се одигра денес, но ќе биде од затворен карактер.

Подготвено од М.Н.

About Author