15.12.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, Управата за цивилна заштита на Португалија соопшти дека обилните дождови во вторникот, кои ги поплавија улиците и однесоа автомобили, оставија 83 луѓе без покрив над главата.
Во вторникот, силен дожд зафати делови од Португалија, принудувајќи ги властите да затворат некои патишта, додека вооружените сили помогнаа во чистењето на остатоците предизвикани од поплавите и паѓањето на дрвјата.
Според проценките на Националната управа за вонредна состојба и цивилна заштита (ANEPC), обилните дождови имаат доведено 83 луѓе да ги загубат своите домови.
Од вторникот на полноќ се регистрирани 3.552 појави поврзани со лошо време, од кои 2.722 се регистрирани во областа Лисабон, а потоа следуваат Сетубал, Порталегре, Сантарем и Коимбра.
Лисабон, Лурес, Синтра, Оеирас и Каскаис се меѓу најтешко погодените општини, како и Аронш, Сосел, Кампо Мајор и Фронтеира, во областа Порталегре.
Националниот командант на АНЕПЦ, Андре Фернандес, соопшти дека настаните бараа „потреба да се направат седум интервенции со медицински тимови“, а воедно, посочи на четири лица на кои им била укажана помош на лице место, додека другите претрпеле полесни повреди.
Командантот истакна дека во повеќето спасувачки тимови во моментов се лоцирани во Лурес и Одивелас, објаснувајќи дека ресурсите за засилување побарани за областа Лисабон се уште се на терен, имено противпожарните бригади на Сантарем, Леирија и Визеу, додека вооружените сили се демобилизирани. Воедно, додаде дека епизодата на интензивни врнежи предизвика „урбани поплави“ во Сетубал, каде што операциите се во тек и нема евиденција за жртви.
Според Фернандес, во моментов има „пет активни општински планови за итни случаи“, четири во областа Порталегре и еден во Сантарем, додека специјалните планови за итни случаи за сливовите на реките Тејо и Дуро остануваат во состојба на жолта тревога.
Властите, исто така, го повторија повикот да се избегнува пешачење во близина на брегот бидејќи морето ќе продолжи да биде немирно.
Сепак, копното на земјата останува во состојба на жолта тревога, најниска од трите.
Подготвено од А.Ѓ.