https://www.flickr.com/photos/divinidoles/35061397265/in/photolist-VqfPTp-2cGRtCv-HZEinG-28jzHNk-29AAbdN-2jscS4U-28BHZgf-29CMuLW-26Wnzg9-28hP9TX-KUZ6TR-29EQEgt-29CMEeJ-26WU1WY-29EZL2D-26WU7Mq-29Gkvma-29G4hbV-26WuQCY-28j1GuK-29FmDST-KWGvCX-28BywCy-26VWa8Q-2hwCRji-2dzgKpi-2gLUuid-wwHdtz-26V3FpA-2h39BHK-TN1oLY-28jiEs4-UbqPN2-Mx82oE-26UUv7N-2cGRtz4-29Fn95V-28By4Vf-29Ccef3-MxtnGL-29FxHx6-KVGSwg-JetjAM-2mYgYEC-2nAGWCL-2gcoMVw-2dzmhie-29GzHUZ-Ybn5a9-2jsD1sd

27.12.2022 Скопје

Новата министерка за национални мисии, Орит Струк од Верската ционистичка партија, даде контроверзната изјава во која посочи дека „лекарот може да одбие да лекува пациент доколку тоа ги нарушува неговите религиозни убедувања се додека има доволно други лекари кои можат да ја пружат оваа услуга“.

Израелскиот претседател, Исак Херцог, ја осуди растечката анти-ЛГБТИ реторика во неговата земја, бидејќи таквиот став дополнително ги зајакнува стравувањата дека новата влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците во Израел.

Премиерот Нетанјаху ги нарече „неприфатливи“ забелешките на идниот министер и ги отфрли тврдењата дека новата Влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците.

Критичарите пак, предупредуваат дека Нетанјаху е премногу слаб за ефективно да ги контролира своите ултра-националистички и ултраортодоксни коалициски партнери кои се обидуваат да протуркаат закони што се во согласност со она што тие го сметаат за божествено религиозно наследство.

Подготвено од М.Н.

About Author