26.12.2022 Скопје
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека западните земји наскоро ќе се соочат со ситуација кога нивната способност да „управуваат“ со глобалната економија ќе се намали.
„Во блиска иднина ќе видиме намалување на можноста на Западот, многу сериозно намалување на можноста да управуваат со светската економија така како што тие сакаат, а сакале или не, ќе мора да преговараат“, истакна Лавров.
Лавров изјави дека нема да го бркаат Западот бидејќи тие ги прекинале речиси сите заеднички меѓусебни односи, и додаде дека Русија има со кого да развива соработка во економијата, во културата и во спортот.
Сергеј Лавров додаде дека ќе се фокусираат на оние кои никогаш не ги изневериле, односно оние со кои понекогаш доаѓале до многу тежок компромис, но секогаш биле постигнати договори, а во тие договори никој никого не измамил.
Подготвено од М.Н.