15.12.2022 Скопје
Претставникот на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал искрено за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи остранување на барикадите со Косово.
И претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека имал конкретен и чесен разговор со претставниците на Европската унија и САД кои се задолжени за западен балкан и изрази надеж дека по оваа трилатерална средба ќе се изнајде соодветно решение за актуелниот проблем со северот на Косово.
Претседателот Вучиќ прво се сретна со претставникон на ЕУ, Мирослав Лајчак а потоа им се придружи и американскиот пратеник Габриел Ескобар.
Подготвено од М.Н.